Од утрово целиот регион се вакцинира во Белград

од Nikola Popovski
240 прегледи

„Што би ми било проблем да дојдам во Белград за вакцинирање, би одел на крајот на светот за да се заштитам, а не тука во соседството“, гласел еден од коментарите од бескрајната редица пред центарот „Белекспо“ во Нов Белград, каде што денес се организира вакцинација на бизнисмени од регионот. Бил организиран и лет со авион од Албанија за пристигнување на вработените во една авиокомпанија за вакцинирање во Србија, објави српскиот портал „Нова“.

Босанскиот и албанскиот јазик најчесто се слушаат во колоната што се протегала по булеварот Милутин Миланковиќ, иако имало и такви кои пристигнале од С. Македонија и Црна Гора.

Луѓето чекаат во ред со пасош во рака, а некои од нив веќе ги пополниле формуларите потребни за вакцинација. Оние што не се подготвиле, образец на влезот на Белградскиот саем, им дава волонтер, кој накратко ги известува за тоа како се одвива поворката.

„Не ми беше проблем да дојдам. Верувам дека секој треба да се вакцинира доколку има можност. Преполно е, но оди брзо. Благодарна сум на Србија и локалните бизнисмени по овој повод. Во Босна нема вакцини. Ниту за политичарите, барем не во јавноста “, објаснила една граѓанка од БиХ.

Група граѓани од Албанија, вработени од авиокомпанијата „Албавингс“, исто така дошле во Белград и ја примиле вакцината АстраЗенека.

Како што бјаснила нивната претставничка Аманила Рама, оваа компанија организирала специјален лет од Тирана до Белград за 152 лица. Повеќето од нив се вработени во оваа авиокомпанија, како и некои членови на нивните семејства.

Како што објавија од Стопанската комора на РСМ, се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од пандемијата.

„Благодарност до Министерството за внатрешни работи на РСМ за брзото постапување по барањето на Стопанската комора за пуштање на повеќе ленти за возила на ГП Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора на Северна Македонија за имунизација од КОВИД 19 на претставниците од бизнис заедницата“, се наведува во соопштението на Комората.

Според последните најави, првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот утре  треба да пристигне во Македонија. Досега земјава има добиено две донации од околу 8000 Фајзер вакцини од Србија, како и 3000 од руските вакцини Спутник. Овие вакцини беа наменети за здравствените работници.

Слични содржини