Од Викиликс: Синот на Осама барал Потврда за констатирана смрт на татко му од САД

од desk3
101 прегледи

Синот на ликвидираниот во 2011 година терорист бр.1 Осама бин Ладен упатил до властите на САД барање да издадат уверение за смртта на неговиот татко. Ова станува јасно од документ кој го прошири организацијата Викиликс, позната со скандалозни откритија, пренесоа агенциите.

0000267413-article2

Според Франс прес станува збор за писмо на оваа тема од амбасадата на Вашингтон во Ријад – која е една од речиси 70-те илјади т.н. Саудиски телеграми објавени на сајтот на Викиликс.

Организацијата наведува дека овие документи се дел од над половина милион телеграми и други дикументи на саудиското Министерство за надворешни работи и други сектори во кралството, кои таа планира да ги објави во следните недели.

Писмото потпишано од генералниот конзул на САД во Ријад – Глен Кајзeр, било испратено до Абдула бин Ладен на 9 септември 2011. , околу 4 месеци по операцијата на американските тајни служби, во која беше убиен Осама бин Ладен.

“Го добив вашето барање да се издаде потврда за смртта на татко ви Осама бин Ладен”, истакнува дипломатот.

Според зборовите на Кајзeр, експерти правници од Стејт департментот го информирале дека таков документ не е издаден. Тоа според него е “вообичаена практика за лица загинати во воени операции”.

Наместо бараното уверение Абдула бин Ладен добил од дипломатијата документи на американското правосудство кои ја потврдуваат смртта на неговиот татко, поради која беше запрена потрагата по терорист №1.

“Се надевам дека овие документи на владата на САД ќе се од корист за вас и за вашето семејство”, пишува во заклучокот конзулот.

Осама бин Ладен беше основач и лидер на меѓународната исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда, која ја презеде одговорноста за голем број напади во различни земји, вклучувајќи и за крвавите напади од 11 септември 2001 година во САД.

Според официјалната верзија на Вашингтон, Бин Ладен бил убиен на 2 мај 2011 година при специјалната операција на САД во Пакистан