Пејачката Шакира неодамна ги воодушеви сите со видео на кое се грижи за својот татко кој е во болница.
Таа ги правеше вежбите со него, а на крајот му ги бакна нозете среќна што успеал самостојно да ги подигне.
Многумина ѝ напишаа дека на овој начин уште еднаш покажала колку добра личност е и дека нејзиното семејство е на прво место, а пејачката во тие денови решила да им исполни неколку желби и на синовите Милан и Саша.
Имено, бидејќи беше Ноќта на вештерките, Шакира промени неколку костими за да ги забавува своите малечки, но и да ги „исполни своите детски соништа“, како што напиша.
Така имавме можност да ја видиме Шакира маскирана во Wonder Woman, ангел, како и навивачка на чија маица пишуваше „Team Milan and Sasha“.
Во кој костим најмногу ви се допаѓа Шакира?