Ода за виното во Бордо: Најновиот тематски парк во Франција

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Во позадината на зачестените напади во Франција, сакаме да ви го споменеме убавото лице на оваа прекрасна земја.c973a9cda35abf1e5016940d3386ae7b

Неодамна во срцето на Бордо се отворија вратите на нов тематски парк, кој е вистинска ода за виното.

Ако виното навистина е пијалок на боговите, La Cité Du Vin би требало да е нивниот храм.

Предметниот сосема нов забавен парк е целосно посветен на виното. Овде нема да ги најдете вообичаените за лунапарковите вовчиња и лизгалки, но пак има доста забава за возрасни. Локали, ресторани, продавници, сали за настани, галерии со изложби, посветени на виното.

Зашеметувачката зграда на La Cité Du Vin (значи “град на виното”) е поставена на брегот на реката Гаро. Овде можете да се запознаете со историјата на виното, да направите дегустација, предводени од експерт-сомелиер, да погледнете филмови посветени на виното.

И, се разбира, во La Cite Du Vin можете да се прошетате со брод, кој пресоздава патување на трговците на вина низ целиот свет.

Архитектите на структурата на La Cité Du Vin се Анук Лежендре и Никола Десмазие.Тие ја создадоа формата на зградата, инспирирани од облиците на лозите и оние на чашите за вино.

Секој детаљ во архитектурата на зградата би требало да ги натера луѓето да се пробаат вино. Влезот за посета на La Cité Du Vin е 20 евра.

За да видите слики од La Cité Du Vin посетете ја галеријата.

Фото: Kitchen