Актерот Били Зејн одигра една од најзабележителните улоги во филмот „Титаник“. Тој брилијантно го играше главниот негативец Каледон Хокли, вереникот на убавата Роуз која ја играше Кејт Винслет.
Тој во филмот ги нервираше сите со своите сплетки и однесување кон својата вереница, но многу дами сепак не можеа да одолеат на неговиот изглед.
Покрај „Титаник“, Зејн имаше забележителни улоги и во продукции како „Снајперист“, „Кикбоксер“, „Фемдом“, „Враќање во иднината“, „Фантом“, „Волшебност“, „Твин Пикс“, „Клеопатра“ и други.
Били одамна го немаме видено во јавност, ниту пак снимил нешто ново, но многу е активен на Инстаграм каде редовно објавува свои фотографии.
Тој во февруари го прослави својот 56-ти роденден, а многумина велат дека актерот изгледа се подобро и подобро со текот на годините.