Одбележување на 103 годишнината од формирањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти со настанот „Инженерството инспирација за младите уметници“

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Асоцијацијата на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија ја одбележува 103 годишнината од формирањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти на 21 март 1920 година, за што вечерва ќе се одржи настанот „Инженерството инспирација за младите уметници“ од 19 часот во Националната опера и балет.

За аудио-визуелните артистички елементи на инженерите и уметниците ќе допринесе музиката на Влатко Стефановски и студентите од класата на проф. Дарко Багески, како и фотографиите на Ангел Ситновски и студентите од Факултетот за ликовни и Факултетот за драмски уметности. Настанот има за цел истакнување на нераскинливата врска помеѓу инженерството и уметноста, преку поддршка на млади уметници од Факултетот за ликовни, Факултетот за драмски уметности и Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Инженерската институција на Македонија е професионална асоцијација во која членуваат 18 здруженија од сите инженерски дисциплини. Нејзината мисија е да ги поттикнува и мотивира младите во развојот на инженерството за да бидат фронт во глобалниот иновациски натпревар во светот, подобрувајќи го квалитетот и начинот на живеење. Токму за остварување на оваа визија, се истакнува дека поттикнувањето на креативното размислување на инженерите се остварува преку нивниот уметнички ангажман.

Слични содржини