Одбележување на 17-годишнината од трагичната несреќа во која загина претседателот Трајковски

697 прегледи

Денес се одбележува 17-годишнината од смртта на македонскиот претседател, Борис Трајковски кој загина во авроонска несреќа во близина на Мостар, на денешен ден 2004. година.

Според најавите, актуелниот македонски претседател, Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробор на Трајковски и сите загинати во несреќата закопани во градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Делегации на Кабинетот на претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.

За потсетување, во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Слични содржини