Одбележување на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев

од Radmila Tasevska
180 прегледи

„Владата на Република Северна Македонија, Ве поканува на државниот свечен настан и одбележување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев на 04.02.2023 година (сабота) во црквата Св. Спас-Скопје.

Во чест на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од претседателот на владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од прв заменик на претседателот на владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска“, стои во соопштението.

Слични содржини