Одбиена жалбата на Асанж, можна екстрадиција во САД

од Nikola Popovski
263 прегледи

Жалбата на Џулијан Асанж против одлуката на Високиот суд за екстрадиција во САД е одбиена, потврди денеска Врховниот суд на Велика Британија, пренесува лондонски „Ивнинг стандард“.

Основачот на Викиликс во декември поднесе жалба до Врховниот суд на Велика Британија против одлуката за екстрадиција во САД.

Американските власти го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, бидејќи Викиликс објави голем број доверливи американски документи, кои, според Вашингтон, загрозувале човечки животи.

На 10 декември, САД го добија спорот за екстрадицијата на Асанж пред Високиот суд во Лондон.

Асанж негираше дека сторил какво било кривично дело, а од 2019 година е во британски затвор.

Слични содржини