Одбиената жалбата на Ендрју Тејт, останува во притвор во Романија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
228 прегледи

На контроверзниот инфлуенсер и професионален кик-боксер Ендрју Тејт му е одбиена жалбата пред судот во Романија, со што ќе остане во притвор уште 30 дена, изјави денеска официјален претставник нс романскиот суд.

Тејт е приведен под сомнение за трговија со луѓе, силување и формирање организирана криминална група.

Тој ја обжали одлуката на судијата од 20 јануари за продолжување на притворот за уште 30 дена, но жалбата беше одбиена, рече Рамона Бола, портпаролка на романската агенција за борба против организираниот криминал Дикот (DIICOT).

Тејт (36), кој има државјанство на Велика Британија и САД, има речиси пет милиони следбеници на Твитер, а денеска во Апелациониот суд во Букурешт пристигна со лисици, заедно својот брат Тристан, кој по истата основа беше приведен со уште две Романки.

Судот ги одби жалбите на сите четворица и сите ќе останат во притвор до 27 февруари. Истрагата продолжува.

Слични содржини