Расправата за амандманите за пописот заврши, a владејачкото мнозинство ги одби ги одби сите четириесетина амандмани од опозициските партии за предлог-законот за попис.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека СДСМ и ДУИ со 8 гласа против го одбиле и амандманот за попис со отпечаток од прст за што партијата најмногу инсистираше. Одбиени се амандманите со кои се бара да се појаснат основните поими што се користат во законот како што се „вкупно население во државата“, „место на живеење“, „официјално место на живеење“. Не е прифатен ни амандманот од Алијанса и Алтернатива со кој бараа посебна пописна комисија наместо Државниот завод за статистика.
„Согласно најавите, поднесовме вкупно 27 амандмани на Законот за попис на населението… со цел на негово унапредување, а од друга страна отварање на простор за враќање на одамна изгубената доверба не само во пописниот процес. Навистина ме изненади одбивањето на сите амандмани без никакво образложение и уште повеќе присуството на расправата на Комисијата за европски прашања на Директорот на Заводот за статистика кој нај недостоинствено ја одмолча целата расправа, иако нели од него се очекуваа стручни образложенија.
Ајде и да има некакво опрадување одбивањето на некои амандмани, но сите, поготово оние кои лично сметам се повеќе од контруктивни претставува сериозно фрлање на втора голема сенка на намерите владеачкото мнозинство во однос на спроведувањето на пописот“, изјави Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија.
Од СДСМ ги повикаа сите пратеници во Собранието, особено опозициските, да бидат одговорни и да го усвојат предлог законот за попис.
Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, вели дека текстот на законот е непроменлив и дека барањето на Алијанса за Албанците и Алтернатива за Државна комисија за попис го загрозува концептот на ефикасен попис.
Законот за попис на населението може да се донесе на првата пленарна седница после празниците.