Одбиено барањето на Брејвик, нема да биде ослободен

од Nikola Popovski
225 прегледи

НОРВЕШКИОТ суд денеска го отфрли барањето за условно ослободување на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик и нареди тој да остане во затвор.

Брејвик, антимуслимански неонацист, уби 77 луѓе во јули 2011 година во најголемото злосторство во Норвешка.

Тој уби осум лица во автомобил-бомба пред зградата на норвешката влада во Осло, а потоа уште 69, главно тинејџери, во младинскиот летен камп на Лабуристичката партија на островот Утоја.

– Ризикот од насилство е реален, значаен и еднаков на оној кога беше изречена првата пресуда против Бејвик, се наведува во образложението на советот на окружниот суд во Телемарк, пренесува Ројтерс.

Брејвик (42) отслужува максимална затворска казна од 21 година, која во Норвешка може да биде продолжена на неодредено време доколку осуденото лице се смета за континуирана закана за општеството.

Во исто време, Брејвик имал правна основа да бара условно ослободување по отслужувањето на првите 10 години од казната, а потоа има право да поднесе барање за ослободување една година по секое одбивање.

По апсењето Брејвик изјави дека не се смета себеси за виновен, бидејќи се борел за праведната цел да ја брани европската цивилизација.

Според него, тој не ги мразел странците колку што „предавниците“ меѓу своите сонародници, а како мета го избрал кампот во Утоја затоа што служел како „жариште од кое се шират штетните идеи за мултикултурализам и социјализам“, објави Би-Би-Си. порано.

Атентаторот изјавил дека сонувал да изврши терористички напад по примерот на Ал Каеда и да ја фати и обезглави пред камерите тогашната премиерка на Норвешка Харлем Брунтланд, откако ја принудил да клекне и да моли за милост.

Слични содржини