Британскиот принц Хари го загуби правниот спор околу барањето да му се дозволи приватно да плаќа полициска заштита, пишува Би-Би-Си.
Неговите адвокати бараа судска проверка на отфрлањето на барањето на Хари да плати за заштита во Британија, откако неговите безбедносни протоколи се сменија кога принцот престана да биде активен член на кралското семејство.
Судот го одби барањето на Хари, а адвокатите на министерството за внатрешни работи се спротивставија на идејата да им се дозволи на богатите луѓе да „купат“ полициско обезбедување.