Одбила да стави маска и кашлала кон возачот на Убер – Сега е уапсена

од Stefanija Kuzmanovska
691 прегледи

Во САД вчера била уапсена жена која одбила да носи заштитна маска во Убер, а потоа го испрскала возачот со пепер спреј.

Конфликтот меѓу патниците и возачот се случил на 7 март, откако Малаја Кинг (24) ја тргнала заштитната маска, а потоа започнала да кашла кон возачот. Целиот настан е снимен од надзорна камера во возилото.

Втората осомничена патничка, 24-годишната Арна Кимиаи, објави дека ќе се предаде, соопшти полицијата.

Се обидела да му го украде мобилниот телефон

„Мило ни е што слушнавме дека Кимиаи има намера да ја направи вистинската работа“, рече потполковникот Трејси Мек Креј од полицискиот оддел во Сан Франциско (СФПД).

Возачот на Убер, Субакара Кадке (32) изјави дека патниците одбиле да носат заштитна маска, дека една од нив се обидела да му го украде телефонот и дека пепер спреј бил користен против него.

Слични содржини