11-ти шампионски пехар, а вкупно јубилеен 20-ти во македонската одбојка за екипата на Струмица 47&73. Во финалето на сезоната 2023/24, најуспешниот состав кај нас во последната деценија и повеќе, го совлада годишнашниот освојувач на купот Штип УГД со 3-1 во победи.
Во четвртиот натпревар вечерва во салата „Јордан Мијалков“, струмичани славеа со четири сета како што беше на сите пресметки од низата за врвот.
Тимот на Кире Ричлиев ги доби првите два сета, потоа штипјани намалија, но немаа сили да му парираат на поквалитетниот противник којшто со првиот гостински успех во финалето стави крај на возбудливото првенство. Конор Хенкс со вкупно 61 поен беше најефикасен кај Струмица 47&72 во четирите мечеви од низата, а кај Штип УГД Махди Задмард освои 67.
На денешната средба, Хенкс реализираше 17, Офоха 15, а Омхени 14 кај првакот, додека, пак, кај предизвикувачот Задмард заврши со 23, Абхар со 15, а Алексов со 11.
Во историјата останува запишано дека од 2012-та досега, Струмица 47&72 само трипати не беше освојувач на двојната круна. Годинава поради тоа што Штип УГД го крена куп-пехарот и со тоа го направи најголемиот успех во градот Штип во кој било колективен спорт.
Финале (мажи) – до три добиени натпревари
Струмица 47&72 – Штип УГД 3:1 (25:19, 25:18, 23:25, 25:22)
Штип УГД – Струмица 47&72 3:1 (30:28, 17:25, 25:20, 25:21)
Струмица 47&72 – Штип УГД 3:1 (25:18, 15:25, 25:17, 25:15)
Штип УГД – Струмица 47&72 1:3 (15:25, 21:25, 25:21, 17:25)