Во Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг денеска започна воведното излагање на одбраната на обвинетиот поранешен лидер на ОВК, Хашим Тачи (53), на судењето на него и останатите обвинети Кадри Весељи (54), Реџеп Сељими (50) и Јакуп Красниќи (70).
Одбраната ги демантираше сите обвинувања од Специјалното обвинителство, тврдејќи дека обвинителството нема доволно докази за нив и најави дека ќе ја оспори веродостојноста на сведоците.
Како што изјави бранителот Грегори Кихо, Тачи не негираше дека се извршени воени злосторства, но негираше дека злосторствата ги извршило раководството на ОВК, тврдејќи дека Тачи немал никаква одговорност во ОВК, туку дека најмоќен бил Адем Демаќи.