Оддадена почест на Метју Пери на SAG наградите: Позната актерка одржа емотивен говор

од Stefanija Kuzmanovska
484 прегледи

Здружението на филмските актери на Америка (SAG) им оддаде почест на неколку актери за време на церемонијата на доделување на наградите во Лос Анџелес.

Последните двајца актери на кои им беше оддадена почест за време на сегментот In Memoriam беа Метју Пери и Хари Белфонте, пренесува ЕТ.

Овој сегмент го претстави актерката Наоми Вотс, обраќајќи им се на сите со емотивни зборови.

„Изгубивме толку многу извонредни актери во изминатата година, но поради тоа што тие го допреа светот со својот талент, сите ја споделуваме нивната загуба. Ние кои работевме со нив, покрај нив, длабоко ја чувствуваме нивната загуба и нивното отсуство. Секако дека ќе ги паметиме засекогаш“, истакна Наоми.

Снимките и фотографиите на Белфонте и Пери беа објавени со мелодијата How Do I Say Goodbye.

Слични содржини