Нов вид поделба на патничкиот простор може да помогне за спасување на животи за време на авионски несреќи. Изумителот Владимир Татаренко ги објави скиците за одлуката, на кои посветил 3 години, објави “Индипендент”.
Неговата идеја се заснова на механизам кој при инцидент го одвојува патничкиот дел на авионот од крилата и пилотската кабина. Со ставени под покривот падобрани и воздушни перничиња одоздола, луѓето може непречено да се спуштат и да слетаат на рамен терен. Во шемите на Татаренко товарните оддели им се преместени под патничките, па и покуќнината е безбедна.
Пронајдокот веќе има свои приврзаници и критичари, па според некои, тоа е многу непрактично. Се покренуваат прашањата што ќе се случи со остатокот од авионот, каква би била судбината на пилотите, а најмногу – што се случува ако одделната патничка кабина не слета на рамен терен, туку насреде планина или во некој град. Прашања предизвикува и нарушувањето на аеродинамиката и некои од основните принципи во авионското конструирање и управување, па сето тоа го зголемува енормно времето и средствата потребни за да се реализира идејата.
Татаренко се потрудил да направи анкета меѓу редовни патници, и заклучил дека 95% би дале повеќе пари за лет, во името на безбедноста, која би ја донел најскапиот развој.