Руски ракети денеска погодија стратешки важен мост на Днестарска делта во областа Одеса во југозападна Украина, соопштија локалните власти.
Мостот, кој, според „Ројтерс“, веќе два пати бил погоден од руските сили, е единствената копнена и железничка врска на украинска територија во јужниот дел на областа Одеса.
Портпаролот на локалните власти во областа Одеса, Серхиј Брачук, извести за нападот преку каналот Телеграм, но не сподели повеќе детали.