Одговор на ракетниот напад: Гранатиран Либан

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската армија соопшти дека нејзината артилерија рано утрово го гранатирала јужен Либан како одговор на две ракети истрелани од Либан на израелска територија.

Како што е наведено, противвоздушната одбрана пресретнала една од ракетите, а другата паднала на отворен простор. Нема извештаи за повредени или штети.

Ракетен оган од Либан е прв ваков прекуграничен инцидент од мај, кога палестинските екстремисти истрелаа ракети кон Израел за време на 11-дневната војна меѓу израелската армија и екстремистите од Хамас, кој владее во Појасот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц рече дека Либан е одговорен за ракетниот оган во текот на ноќта, најавувајќи дека „Израел ќе дејствува против каква било закана за неговиот суверенитет и неговите граѓани“.

Слични содржини