244
Седум милиони наместо за подобрување на хигиената во градот, нови водоводни и канализациони инсталации завршиле кај луѓе од списокот на Теута Арифи, ДУИ и СДСМ, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
„Одговорност не треба да има само кај лицата кои не оделе на работа, туку пред се кај Теута Арифи, како одговорна во институцијата, која го оштетила буџетот на општината.
Примерот од Тетово е пример како функционирала коалицијата ДУИ – СДСМ долг период наназад“, додаваат меѓу другото од партијата на Мицкоски.