Минатата недела на Фестивалот за брзината во Гудууд беше претставен еден колосален Англичанец – Vulcan AMR Pro. Vulcan беше формиран во ограниченото количество од 24 парчиња, со цел да се прослави историјата на англискиот производител во 24-те часа Ле Ман.
Тој претставува комбинација од карбон шасија и 7.0-литарски атмосферски V12 мотор со моќност од над 800 коњски сили. Неодамна, сепак, од марката создадоа сопствено студио за доработка, што го носи името AMR. Првите машини, кои беа “преоблечени” од него беа двете верзии на Vantage, но од компанијата одлучија дека и лимитираниот Vulcan има уште потенцијал и додадоа кон неговото име додатокот AMR Pro. Тоа додава нов аеродинамичен пакет со уште поизразен додаток на предниот браник, новиот двоен спојлер во задниот дел на возилото, а исто така и многу пократки преносни броеви за менувачот, што значи подобро забрзување.
115