Ликерот од ѓумбир одлично загрева во зимските денови. Исто така, ако го спакувате во убави шишенца, може да биде и одличен подарок за домаќините за претстојните слави.
За околу 700 мл потребни ви се:
60 гр корен од ѓумбир
Малку ванила
100 гр шеќер
300 мл вода
Еден лимон
500 мл вотка (за посилен вкус може и бела ракија)
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот и исечете го на тенки парченца. Стапчето ванила исечете го по должина. Во тенџере ставете ги ѓумбирот, ванилата, шеќерот и водата. Кога ќе проврие, намалете го огнот и варете додека да се стопи шеќерот. Оставете да се излади добиениот сируп. Изрендајте ја кората од лимонот.
Во голема тегла ставете го сирупот. Додајте го и избраниот алкохол. Оставете сите состојки да стојат заедно една недела. Потоа процедете го добиениот ликер.