99
По барање на одбраната, судија на претходна постапка денеска го одложи распитот за четворицата осомничени во случајот„ТНТ“.
Распитот е одложен за 23 мај. Меѓу нив се првоосомничената градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.
Случајот „ТНТ“ го отвори Специјалното јавно обвинителство и се однесува на уривањето на комплексот Космос на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски.