Посетата на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен на Црна Гора е одложена, соопшти инфо центарот на ЕУ, јавува Анадолија.
„Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Црна Гора за жал ќе мора да се одложи за друг датум бидејќи поради временските услови авионот на делегацијата не може да полета од аеродромот во Белград. Посетата ќе биде организирана на нов датум кој меѓусебно ќе биде договорен“, се наведува во соопштението.
Според протоколот, Фон дер Лајен денеска требаше да се сретне со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и со премиерот Дритан Абазовиќ.
Фон дер Лајен во средата од Скопје ја започна својата турнеја низ Западен Балкан, со која беше претставен пакет за енегергетска поддршка за земјите од регионот.