Американскиот државен секретар Марко Рубио го откажа патувањето во Лондон, каде што беше планиран состанок за решавање на конфликтот во Украина, по изјавата на Володимир Зеленски за Крим, објави „Њујорк тајмс“.
Исто така, британскиот „Скај њуз“ утрово објави дека дури ни највисоките дипломати кои беа на списокот на учесници на состанокот нема да бидат денес во британската престолнина поради откажувањето на американскиот државен секретар.
Да потсетиме дека еден од клучните американски предлози за решавање на украинската криза, кој треба да биде презентиран на состанокот во Лондон, е Киев да го признае Крим како руска територија.
Сепак, откако украинскиот претседател им рече на новинарите во вторникот дека не ја прифаќа таа опција, патувањето на Руби во британската престолнина беше откажано истиот ден, според „Њујорк тајмс“ и „Скај њуз“.
Според последните информации, ниту специјалниот пратеник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, нема да патува на состанокот во Лондон.
Британското Министерство за надворешни работи објави дека мировните разговори за Украина со американските и европските колеги на министерско ниво, кои беа закажани за денес во Лондон, се одложени.
Во краткото соопштение од британското Министерство за надворешни работи се наведува дека наместо закажаниот министерски состанок, состанокот ќе се одржи зад затворени врати, без присуство на медиумите.