36
Сите денешни натпревари во италијанската Серија А се одложени поради смртта на папата Франциско, соопшти прес-службата на лигата.
Смртта на Папата беше објавена на 21 април. Тој имаше 88 години.
За денес беа закажани натпреварите:
Торино – Удинезе
Каљари – Фиорентина
Џенова – Лацио и
Парма – Јувентус.
Новите термини за овие средби ќе бидат објавени дополнително.