358
Поради изолација на обвинетите во случајот „Титаник”, следните три рочишта во Кривичниот суд Скопје нема да се одржат. Од основниот кривичен суд велат дека следната расправа е закажана за 14 април.
– Ја информираме јавноста дека расправите насрочени за 05, 09 и 12 април 2021 година, се одлагаат заради изолација на дел од обвинетите. Следната расправа е насрочена за 14 април, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.