Поради заболување на еден од судиите поротници од Ковид 19, денес закажаното рочиште за случајот „Монструм“ е одложено.
„Монструм“ се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро што се случи на 12. април 2012. година, а во кој се обвинети: Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Африм Исмаиловиќ, Алил Демири, Хаки Азири и Сами Љута. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се во бегство во Косово и досега не се екстрадирани.
Петмината обвинети, беа и осудени на доживотен затвор, но Врховниот суд во декември 2017, година ја укина пресудата, а случајот „Монструм“ започнна од почетоко откако претходно, СЈО, предводено од Фатиме Фетаи го презеде случајот во свои раце.
Инаку за потсетување, во овој немил настан кај Смилковското Езеро животот го загубија младите момчиња: Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски и Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.