Велешкиот суд го одложи првото рочиште за обвинетиот поранешен претседател на кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски. Причина за одлагањето на денешното судење е што иако на
Панчевски двапати му била испратена покана, но тој не ја добил.
Судот побара полицијата да утврди дали живее на адресата која е напишана на обвинението.
Полицијата до денеска не го известила судот дали направила проверки.
Панчевски за дел од медиумите информира дека немал добиено никаква покана инаку не гледал причина зошто да не се појави на суд. Тој во меѓувреме повел иницијатива до велешкиот суд да ја преиспита својата надлежност во случајот во кој Панчевски се товари за незаконски дејанија врз АКМИСОТ односно врз електронската распределба на предметите.
Следното рочиште е закажано за 18 ноември. Панчевски е суспендиран од функцијата точно поради обвинението за АКМИСОТ и нема предмети во свои раце.