Европската комисија се очекува денеска да објави оценка за тоа дали Украина треба да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски изјави дека посетата на лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија на Киев е историски ден за неговата земја.
„Украина има поддршка од четири моќни европски земји“, рече Зеленски во видео обраќањето, додавајќи дека Украина сега е поблиску до Европската унија од кога и да е од нејзината независност, пренесува РТС.
Се очекува Европската комисија денеска да објави оценка за тоа дали Украина треба да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.
Зеленски посочи дека Европа може да напише нова приказна за слободата и конечно да ја елиминира сивата зона меѓу ЕУ и Русија, благодарение на храброста на Украинците.
За сирените за воздушен напад што се огласија во Киев за време на посетата на европските лидери, Зеленски рече дека Русија се обидела да создаде тензична атмосфера, но дека никој не се плаши.