Одлука на германски суд: Чоколадото Дубаи мора да се произведува во Дубаи

од Nikola Popovski
22 прегледи

Иако десертот познат како „чоколадо Дубаи“ стана исклучително популарен и баран во Германија, судот во Келн пресуди дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи.

Производите „Alyan Dubai Handmade Chocolate“, кои се продаваат во синџирот „Алди Суд“ станаа вистински хит откако беа лансирани во декември.

Десертот, кој стана познат во светот како „чоколадо Дубаи“ благодарение на ТикТок е комбинација од крем од ф’стаци, крцкав кадаиф (тенки тестенини направени од брашно и вода) и чоколадо.

Окружниот суд во Келн издаде привремена забрана против ланецот продавници „Алди Суд“ да го продава производот, тврдејќи дека името е погрешно затоа што всушност се произведува во Турција и Алди мора да престане да го продава чоколадото.

Производот може да биде означен како „чоколадо Дубаи“ во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со Дубаи.

Тужбата до судот ја поднесе увозникот Андреас Вилмерс, кој продава производи од брендот „Фекс“ од Дубаи во Германија.

Во декември, Вилмерс ги пријави „Лидл“ и производителот на чоколади „Линдт“ поради истата причина.

Одлуката на судот сè уште не е правно обврзувачка и судот Алди има право на жалба.

Слични содржини