Адвокатот на Анџелина Џоли и нејзината ќерка Шајло, Питер Левин, проговори за нејзината одлука да го отфрли Пит од нејзиното презиме. Шајло поднесе барање за промена на името на 27 мај, нејзиниот 18-ти роденден, а набрзо беше објавено во Лос Анџелес Тајмс, што го налага законот во Калифорнија.
„Таа донесе одлука по болни настани“
„Треба да бидeте повнимателни во известувањето, особено кога станува збор за млада возрасна личност која донела независна и значајна одлука по болни настани“, рече Левин за „Page Six, додавајќи дека таа само го следела правниот процес. Иако во странските медиуми се зборуваше за јавно откажување, адвокатот демантираше дека 18-годишничката објавила оглас во весникот за да ја најави промената на името.
„Не можеше да ја избегне најавата за промена на името“
„Како нејзин адвокат, од мене се бара да издадам правно известување, бидејќи законот во Калифорнија бара секој што сака да го промени своето име да го стори тоа. Тоа правна објава беше издадено во Лос Анџелес Тајмс, како што се бараше“, објаснил тој. Правен експерт претходно потврди за „People“ дека е потребно објавување во весник за промена на името за да се заврши службениот процес.
Пит е вознемирен поради оваа одлука
Барањето за промена на името дојде откако извор близок до семејството изјавил за „People“ дека Бред Пит нема контакт со своите возрасни деца, но сепак ги посетува помладите. По првичното објавување на барањето на Шајло, извор изјавил дека Пит е свесен и вознемирен за промената, но утеха нашол во новата партнерка Инес де Рамон.
Правната битка продолжува
Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Бред во 2016 година. Таа како причина ги наведе непомирливите разлики и веднаш побара целосно старателство над децата. Разводот беше финализиран во 2019 година. Се наведува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со кое тој би имал само право на посета.
Се вели дека двојката постигнала спогодба во 2018 година, а адвокатката на Анџелина, Саманта Блеј ДеЏин, за Ројтерс изјавила дека „договорот за старателство бил постигнат пред неколку недели, потпишан од двете страни и од судија“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес, со различни пресврти, а еден од споровите е и за заедничката винарија и замок во Франција.
Уште две од неговите ќерки, Вивиен Џоли и Захара, се откажаа од презимето на нивниот татко.