Британското кралско семејство не ја вклучило Лилибет, ќерка на Меган Маркл и принцот Хари во наследната линија. Ажурираните служби овој пат потфрлиле, но прашањето е дали ова историско доцнење е случајно?
Принцот Хари и Меган чекаат девојчето да го добие своето место на списокот, на кој веќе се наоѓа нејзиниот татко, но и нејзиниот брат Арчи. Девојчето е, според британските закони, осмо во наследната линија, но официјално тоа сè уште не е напишано никаде.
Луѓето задолжени за одржување на официјалната веб-страница на британското кралско семејство се ажурни во работата, па затоа е изненадувачки како девојчето останало нерегистрирано. На страницата се уште пишува дека принцот Ендру е осми во наследната линија, кој со раѓањето на девојчето „падна“ на деветтото место.
Кога се роди Арчи, тој беше запишан само 15 дена по раѓањето, а нивниот братучед Луис, најмалото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, беше запишан на само 12 дена. Многумина се прашуваат дали со ова административно доцнење, кралското семејство им се одмаздува на Меган и Хари за сè што им приредија откако ги напуштија и решија да го продолжат својот живот во Америка.