Одмазда од палатата? Еве каде ќе седи Хари за време на крунисувањето на Чарлс

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Големо внимание предизвика веста дека принцот Хари добил покана за крунисувањето на својот татко Чарлс, а иако некои мислеа дека принцот конечно ќе се смири со семејството, се чини дека ништо од тоа нема да се случи со оглед на понижувањето кое го очекува.

Хари ќе седи 10 редови зад другите високи членови на кралското семејство на крунисувањето на Чарлс Трети и Камила на 6 мај во Вестминстерската опатија во Лондон, изјави извор близок до палатата.

Поранешниот батлер Пол Бурел верува дека војводата од Сасекс ќе има малку време да разговара со кралот или со неговиот брат принцот од Велс за време на неговиот престој во Британија.

Тој додаде дека нема шанси Хари да се смири со дворот откако на почетокот на оваа година беа објавени неговите мемоари „Spare“ во кои тој презентираше низа обвинувања и негативни приказни за семејството, пишува „Сан“.

Распоредот на седиштата е во согласност со функциите кои ги извршуваат вработените членови на семејството. Хари и Меган се откажаа од своите должности и привилегии со тоа што решија да се повлечат како високи членови на дворот.

Сепак, познато е и дека Чарлс Трети во последните месеци често ги прекршуваше протоколите и традицијата. Зарем не можеше да направи отстапка за својот син? Можеби позицијата на Хари е индиректна порака и одговор на сето она што досега го кажал за најблиските во Британија. Дури и да не е така, во палатата секако се свесни дека многумина ќе мислат така.

Слични содржини