Со своето однесување, Доналд Трамп, според бројни верници и корисници на социјалните мрежи, покажал непочитување во Ватикан. Откако неговата сопруга го спречила да направи голема грешка што би била критикувана од многу верници, Доналд Трамп бил фатен од камерите како се однесува несоодветно на погребот на папата Франциск.
Имено, многумина го критикуваа Трамп за тоа што носел темно син костум на погребот наместо црн, што, сепак, според правилата за облекување во ситуации како погреби, е дозволено. Но, она што многумина нема да му го простат е неговото незаинтересирано однесување, кое многумина го сфатија како израз на непочитување кон покојниот поглавар на Католичката црква.
За време на церемонијата, камерите го снимија Доналд Трамп како пишува на мобилен телефон, но и како посегнува по гумата за џвакање.
Со оглед на тоа што погребот е момент за почит и сочувство, со своето однесување, Трамп го одвлече вниманието од сериозноста и достоинството на самиот настан, на што многумина негодуваа.