Односите со Бугарија никогаш претходно не биле полоши како што се сега, вели Мицкоски

од Берта Китинска
301 прегледи

Односите со Бугарија никогаш претходно не биле полоши како што се сега, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Македонски Брод во рамки на предизборната кампања за локалните избори на 17 октомври.

„Вчера иако стана јасно по пораките кои ги добивме како држава, дека ЕУ со Заев на чело на државава станува далечна цел, а односите со Бугарија никогаш не биле полоши, сепак тој своите митинзи ги започна со пренесување на поздрави од ЕУ, бидејќи само тоа и им остана“, рече Мицкоски.