Одобрена тендерската документација за првата фаза од постапка за доделување договор за јавно приватно партнерство за дистрибутивниот систем на природен гас

од Aleksandar Petrovski
298 прегледи

Владата во рамки на денешната петта седница ја усвои информацијата и ја одобри тендерската документација за првата фаза од постапка за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Во врска со оваа постапка за дистрибутивниот систем за гас, како што се истакнува, Владата го прифати текстот на Договорот меѓу Министерството за економија и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за обезбедување консултантски услуги во врска со Договорот за концесија за дистрибуција на природен гас и го овласти министерот за економија, Крешник Бектеши да го потпише договорот со ЕБОР.

Слични содржини