Канадското регулаторно тело за лекови вчера ја одобри употребата на вакцината Фајзер за лица на возраст од 12 и повеќе години.
Главниот медицински советник во тоа тело, д-р Суприја Шарма потврди дека вакцината е одобрена за лица на возраст од 12 до 15 години, објави АП.
Администрацијата за храна и лекови на САД се очекува да ја одобри вакцината Фајзер за млади до следната недела, така што многумина ќе бидат вакцинирани до почетокот на следната учебна година.
Прелиминарните резултати од студијата на компанијата Фајзер, објавени кон крајот на март покажаа дека нема случаи на корона меѓу 2.260 млади вакцинирани волонтери на возраст од 12 до 15 години, во споредба со 18 случаи во групата адолесценти кои не примиле вистинска вакцина.
Вакцината Фајзер претходно беше одобрена за лица постари од 16 години, потсетува АП.
Кампањата за вакцинација во Канада е интензивирана и таа земја очекува да добие најмалку десет милиони вакцини овој месец.
Досега, повеќе од 34 проценти од Канаѓаните примиле барем една доза на вакцина.