Одредени сили сакаат да ја наполнат ЕУ со мигранти- а Сорос ли ?

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Има сили кои сакаат да ја  наполнат Европа со мигранти.

орбанн

Одредени светски сили моќно работат со цел да  ја наполнат Европската унија / ЕУ / со што е можно повеќе мигранти. Тоа, го рече унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на дебатите во парламентот во одговор на прашање на пратеникот од националистичката партија Јобик Мартоњи Гонгоси, кој го обвини американскиот милијардер од унгарско потекло Џорџ Сорос во стимулирање на миграцијата.

Гонгоси потсети и уште дека во 80-тите години на минатиот век Сорос финансирал стипендисти  на речиси сите основачи на партијата на Орбан Фидес. “Не мислите ли дека тоа е манифестација на лицемерие и опортунизам, а и доста нечесно да  се сврти  грб на својот поранешен бранител”, праша пратеникот. “Демократската опозиција во времето на комунизмот добиваше донации од различни извори и тоа не е никаква тајна. Тоа што Сорос е мобилизирачка  сила против комунизмот, помогна за неговото уривање и повлекувањето на советските сили е одлична, но тоа нема никаква врска со денешната миграциска  криза “, рече уште Орбан и додаде: во светот има одредени сили кои имаат за цел да турнат  во Унгарија и другите земји од ЕУ што е можно повеќе мигранти. “Независно од неговите / на Сорос, бел.ред. / заслуги во минатото, она што тој го прави во моментов е против унгарските национални интереси”, рече уште Виктор Орбан. /  Индекс