Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовна за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Менторите и учениците беа запознаени со начинот и текот на одржување на квизот и материјалите за подготовка од Народната банка и Комисијата за хартии од вредност. Воедно, беше спроведена и кратка вежба за учесниците на националниот натпревар.

На настанот присуствуваа и минатогодишните победници, кои ги споделија своите впечатоци од натпреварот.

Националниот натпревар, на кој ќе ги дознаеме двајцата ученици коишто ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, ќе се одржи на 24 март 2022 година преку електронската платформа „Кахут”.

Нашата земја по четврти пат е дел од овој значаен проект на Европската банкарска федерација кој има за цел да поттикне финансиската едукација на младите во Европа.

Квизот го организира Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.

Слични содржини