Продолжува судењето на актерот Роберт Де Ниро, кој беше обвинет за сексуална дискриминација и вознемирување од страна на поранешна негова асистентка.
Греам Чејси Робинсон, која работела за актерот од 2008 до 2019 година, го тужела него и неговата продукциска куќа „Canal Productions“ за кршење на човековите права.
Де Ниро поднел контра тужба, а Греам неодамна обвинила дека добила порака во која се вели дека е „одвратно мало суштество“.
Нејзините адвокати тврдат дека Чејси ја добила оваа навреда од децата на познатиот актер Роберт де Ниро:
„Одвратно мало суштество. Немаш ништо попаметно да направиш од тоа да му го уништиш животот на еден осумдесетгодишник. Се надевам дека тие и твоето семејство ќе страдате исто колку што страдаат други поради вас“.
Греам, наводно, во пораките се нарекува „валкан измамник“.
Инаку, Чејси барала отштета од 12 милиони долари. Во обвинението било наведено дека нејзиниот шеф бил „морничав“ кој барал од неа да го чеша по грбот, како и дека бил вербално агресивен и „дека викал по неа“.
Судењето ќе трае уште најмалку две недели, пишува „Дејли мејл“.
Претходно на суд, легендарниот актер неколку пати го кренал гласот додека одговарал на прашањата на адвокатот на поранешната асистентка.
„Ја имав искарано“, рекол Роберт, а потоа додал дека тоа е затоа што Робинсон доцнела на важен состанок.
Тој исто така признал дека ѝ рекол дека е „груба“, „разгалено дете“ и има „експлозивен темперамент“, но истакнал: „Само го кренав гласот, јас не викам. Сакате да го оспорите тоа? Тоа е единственото нешто што не го правам“.