Одземена лиценцата на „Раша Тудеј“ за емитување програма во Велика Британија

од Milan1
230 прегледи

Руската државна телевизија „Раша Тудеј” нема повеќе да може да емитува програма во Велика Британија откако регулаторното тело „Офком” по итна постапка и ја одзеде лиценцата.

Во објаснувањето од регулаторното тело се наведува дека руската телевизиска станица не е „погодна и соодветна” да емитува програма во Обединетото Кралство, после спроведената истрага што покажала пристрасност на медиумот во покривањето вести од Украина.

Истовремено забележува дека новововедените закони во Русија ефикасно ги криминализираат сите медиуми што излегуваат од држвниот наратив, пишувајќи за руската агресија врз Украина како за „специјална воена операција”.

Руската телевизија одлуката ја окарактеризира како „лоша проценка” на регулаторното тело за кое рече дека е само алатка во раце на властите во Лондон.

Инаку, Велика Британија само неколку дена после почетокот на воените дејствија во Украина забрани емитување на програмата на руската национална телевизија, така што денешната одлука на регулаторот „Офком” е само симболична.

Слични содржини