Оер:Франција е во голем шок

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Франција е во голем шок бидејќи се соочи со атентат кој однесе голем број жртви, а не ни замислувавме дека по 11. јануари ќе се соочиме со такви ужасни сцени. Бројот на жртви изнесува 128 луѓе, а 252 лица се сериозно повредени од кои 80 се борат за живот, изјави денеска француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер.francuska_ambasadorka

– Нападите беа на седум различни места, а особено ќе го истакнам тој на стадионот „Франција“ каде што се играше пријателски натпревар  меѓу Франција и Германија. Навистина се случи страшен терористички напад, вистински воен чин како што го оквалификуваа француските власти, рече Оер.

Досегашната истрага покажала дека еден од напаѓачите бил француски државјанин кој неодамна го прифатил исламот.

 пренесено Телма