Официјални лица на ЕУ: „Важно е Вучиќ да дојде во Тирана“

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Додека претставниците на ЕУ наведуваат дека е важно српскиот претседател Александар Вучиќ да дојде на утрешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана, европските дипломати во Брисел потврдија дека Декларацијата од Самитот ќе ја нагласи решеноста Западен Балкан да се придвижи кон членство во Унијата, а не само вообичаената „европска перспектива“.

Во подготвената Декларација од самитот, како што е објаснето, исто така се подвлекува дека усогласувањето на надворешната политика на партнерите од Западен Балкан со надворешната и безбедносната политика на Унијата, вклучително и санкциите против Русија, сега е уште поважно во контекстот на руската агресија врз Украина.

Исто така, се нагласува дека мора да има забрзана процедура која води кон членство на партнерите од регионот во ЕУ, истовремено јасно се става до знаење дека тоа нужно вклучува зајакнување на владеењето на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал и зајакнување на слободата на медиумите.

Според Декларацијата, определбата на ЕУ посилно да го поддржи приклучувањето на регионот во европските структури се рефлектира и во штотуку одобрениот пакет енергетска помош на ЕУ за Западен Балкан од една милијарда евра.

На прашањето како точно се предвидува „постепена интеграција“ на партнерите од Западен Балкан во ЕУ, спомната во нацртот на Декларацијата од Самитот, претставниците во Брисел одговорија дека тоа се регионална соработка и создавање заеднички пазар, кој е исто така важен за посилно и побрзо вклучување на Западен Балкан во единствениот пазар и структурите на Унијата.

Тоа е и укинување на „роаминг“ во телефонскиот сообраќај во регионот и со ЕУ, како и економскиот и инвестицискиот план на Унијата за поттикнување на економското закрепнување и зајакнување на Западен Балкан, за што уште еднаш рекоа извори од Брисел, вклучува девет милијарди евра претпристапна помош и повеќе очекувани 20 милијарди евра приватни инвестиции и меѓународни финансиски организации.

Вклучувањето на Западен Балкан во заедничката платформа на ЕУ за набавка на енергенси секако се вклопува во „постепената интеграција“, беше нагласено.

Слични содржини