Актерката Мишел Трахтенберг почина на 40-годишна возраст. Таа е најпозната по улогите во сериите „Бафи убиецот на вампири“ и „Озборувачка“, а веста за нејзината ненадејна смрт шокираше многумина.
На актерката неодамна и беше извршена трансплантација на црниот дроб, а можно е нејзината смрт да е поради последователни компликации, пишува „People“.
Сепак, како што се наведува понатаму, семејството одлучило да не врши обдукција, што било прифатено, бидејќи нема сомнеж дека се работи за насилна смрт.
Мишел последен пат ја видела нејзината мајка Лана 10 часа пред смртта, а телото на својата ќерка го пронашла следниот ден околу 8 часот наутро. Таа повикала брза помош и полиција, но тие можеле само да констатираат смрт.
Како што раскажуваат пријателите на Мишел Трахтенберг, таа се обидела да ги убеди сите дека е добро, но само на блиските им кажала дека е емотивно потресена и дека се мачи.