На официјален настан одржан во ресторанот Рагуза 360, вчера вечер беа свечено доделени наградите од четвртото издание на Изборот за Најпосакуван Автомобил во Македонија – „Златно Тркало“
Златно Тркало претставува уникатен начин за избор на најпосакуваниот автомобил кај нас, преку гласање на целата јавност во Македонија која има пристап до интернет и социјалните мрежи. Целиот избор започна кон крајот на минатата годината, по што се формираше листата за гласање во месец февруари оваа година.
Финалистите беа поделени во 3 категории и се избираше меѓу 8 автомобили. Повеќе од 40 објави на порталите и стотици содржини на социјалните медиуми, над 100.000 прегледи и повеќе од 45.000 следбеници… креираа 12.875 гласања на официјалната страница www.zlatnotrkalo.mk, и се добија 3 победници.
Изборот е инициран од најстариот автомобилски медиум Авто Плус, а во него во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат Авто Плус, CARclub, Cars by Vik, RPM и БизнисИнфо.
Во категоријата Најпосакуван семеен автомобил со 30,49 проценти од гласовите е избран Toyota Corolla Cross, а наградата ја прими Г – ѓа Ана Трајковска – маркетинг менаџер во Тојота Ауто Центар
Во категоријата Најпосакуван премиум автомобил со 35,64 проценти од гласовите е избран Alfa Romeo Tonale, Г-ѓа Ана Бураку – Генерален директор на Аутомобиле СК.
А, Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија за 2023 година, ја понесе – Peugeot 408, кој освои 30,62 проценти од гласовите.
Плакетата ја предаде Претсеадтелот на Златно Тркало и главен и одговорен уредник на Авто Плус – Влатко Кошевалиски, а наградата ја прими Ивана Манчева Михајловска – Заменик на Извршниот директор и маркетинг директор во Еуроимпекс.
Оваа година за прв пат воведуваме едно признание, плакета која ќе ја добијат македонци кои оставаа траг во автомобилската индустрија во светот и оваа мала наша држава ја ставаат на глобалната мапа.
Славче Таневски – дизајнер кој веќе 10 години е дел од главниот тим дизајнери на Мерцедес Бенз и потпишува повеќе 3 негови дизајни, ја доби плакетата Златно Тркало – за Особен придонес во промоциjа на Македониjа во светската автомобиска индустриjа.
Кога станува збор за самиот избор, во него членови се медиуми кои исклучиво функционираат на интернет и социјалните мрежи. Тие кон крајот на секоја година ја формираат листата на нови автомобилски модели презентирани на македонскиот пазар во период од една година или од 1ви март до 1ви март следната година. По првиот филтер, на листата за гласање се наоѓаат модели кои овластените импортери ќе ги номинираат, поделени во неколку категории.
Гласањето годинава се одвиваше на официјалниот сајт на Златно Тркало, каде беа поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел стојат линковите до членовите на Изборот кои водат до пост, вест или клип за возилото, од медиумот.
Гласањето на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk започна на 15 Март и траеше до крајот на месецот и сите имаа можност да дадат глас за својот фаворит во сите 3 категории. Победниците беа објавени на 3ти Април, а вчера вечер (вторник 11.04) беа доделени признанијата.