Официјално е укината полициската заштита на принцот Хари

од Симе Стоиков

Судот во Лондон ја отфрли жалбата на принцот Хари против одлуката на британската влада да ја прекине неговата полициска заштита додека е во Велика Британија, изјави денеска портпаролот на судот.

Хари поднесе тужба против оваа одлука на британската влада пред Високиот суд во Лондон, откако британското Министерство за внатрешни работи одлучи во февруари 2020 година да го прекине неговото лично полициско обезбедување додека е во Британија, пренесува Ројтерс.

Принцот Хари, заедно со другите високи членови на кралското семејство, уживаше целосна безбедносна заштита од британската полиција се додека не се повлече од сите кралски должности и се пресели во Калифорнија со неговата сопруга Меган во март 2020 година.

На сослушувањето одржано во декември 2023 година, неговите адвокати посочија дека одлуката да се прекине заштитата на принцот Хари е незаконска, неправедна и неоправдана.

Адвокатскиот тим кој ја застапуваше британската влада презентираше дека одлуката не е донесена да му се одбие заштитата на принцот Хари, но дека тој нема да ја има на истата основа.

Слични содржини