Официјално: Хилари Клинтон се кандидира за претседател на САД – Обама застана зад неа!

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Хилари Клинтон се кандидира за претседателските избори во САД во 2016 година, соопшти нејзин советник, со кој беше ставен крај на тековните две години шпекулации , пишува The New York Times. Со тоа таа се позиционира како најверојатната номинација на демократите за 2016 година. 

клинтон

 

Веста дојде од Џон Подеста, претседателот на кампањата на Клинтон, во писмо до донатори и други нејзини поддржувачи. “Сакам да се уверам дека го слушате прво од мене – Хилари Клинтон ќе се кандидира за претседател”, се вели во текстот во кој се додава дека поранешната прва дама и државен секретар на САД наскоро ќе се сретне со гласачите во Ајова.

Малку подоцна поранешниот државен секретар и прва дама на САД Хилари Клинтон ја објавија  одлуката да се кандидира за номинацијата на демократите за претседателските избори во 2016 година во видео на интернет.
“Влезгувам  во борбата за претседателската фотелја”, соопшти Клинтон во видеото објавено на страницата нејзиниот Фејсбук. “На Американците секој ден е потребен бранител. И јас сакам да сум тој бранител, за да може животот да ви биде повеќе од опстанок”, вели таа во двоминутното видео.  Веста става почетокот на една од најмалку спорните натпреварувања за номинацијата на демократите во скорешната историја на земјата. Ова ќе е во остар контраст со прелиминарните избори во 2008, кога Клинтон беше вовлечена во долга и скапа битка, освоена од Барак Обама. Тоа може и да стане првата жена која добива претседателска номинација од главна партија.

 Обама ја поддржа Хилари Клинтон во трката за Белата куќа – таа ќе стане одличен претседател, уверен е тој!

Хилари Клинтон ќе биде одличен претседател на САД. Тоа Барак Обама  го изјави за новинарите во неделата, малку пред Клинтон да објави дека ќе се вклучи во претседателската трка во 2016 година.Обама  ја победи Клинтон, која се бореше да стане првата жена претседател на САД, на внатрепартиски избори за претседателски кандидат во 2008 година. “Во 2008 година таа беше извонреден кандидат. Таа беше голем мој поддржувач за време на националните избори.Таа беше одличен државен секретар. Таа е мој пријател.
20150413.ypafguesjs
Сметам дека тоа ќе биде одличен претседател “, рече Обама во рамките на регионалниот состанок во Панама.