На 01.01.2016 година во 02.30 часот полициски службеници на улица „Цар Самоил“ во близина на кафе барот „Табана“ во Охрид забележале машко тело, по што со возило на Брза помош било пренесено во Општата болница во Охрид. На хируршкото одделение, преземени се мерки за медицинска помош, но и покрај тоа, лицето починало.
Запалениот хотел во Дубаи сепак зеде жртва
По наредба на Јавен обвинител, денес ќе биде извршена обдукција врз телото на починатиот. На улицата „Цар Самоил“, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи. СВР Охрид, презема интензивни мерки за целосно расчистување на овој случај, иако до овој момент во полициската станица не е пријавено нарушување на јавниот ред и мир или друго казнено дело во споменатиот угостителски објект.
